МАСАКРИРАНИТЕ ТЕЛА СО ДЕНОВИ ОСТАНАЛЕ ВО ЗАКЛУЧЕН СТАН Маж и жена ѕверски избодени во Подгорица
Мотивот за овој тежок злостор е познат на надлежните институции, но поради чувствителноста на случајот, во оваа фаза не се открива.
Телата на две лица – маж и жена – синоќа биле пронајдени во стан на улицата „Пека Павловиќ“ во центарот на Никшиќ. Се претпоставува дека М.П. (74) и М.В. (41) биле убиени со нож. Извршителот е идентификуван, а полицијата трага по него.
Според пишувањето на РТЦГ, жртвите лежеле мртви неколку дена во заклучениот стан.
Полицијата соопшти дека синоќа околу 19:20 часот биле известени од член на семејството, кој навел дека М.П. не одговара на телефонските повици и дека два дена немаат никаков контакт со него.
– Полицијата го лоцираше станот, кој бил заклучен. Соодветно на законските овластувања, влегоа во станот, каде што го затекнаа беживотното тело на М.П., како и телото на М.В. (41) со видливи повреди за кои се сомнева дека се нанесени со употреба на ладно оружје – нож. Изнајмениот стан го користела М.В. – се вели во соопштението.
За случајот бил известен дежурен обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој заедно со полицијата извршил увид.
– Преку преземените дејствија се дојде до сознанија за идентитетот на извршителот, и интензивно се работи на негово лоцирање и приведување – пишува во соопштението.
Мотивот за овој тежок злостор е познат на надлежните институции, но поради чувствителноста на случајот и приватните околности поврзани со жртвите и осомничениот, во оваа фаза не се откриваат дополнителни детали, наведува порталот.