Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Предлагам на првата следна формална или неформална средба со Португалецот Антонио Кошта, да се интонира или да се испее неговата национална химна. Нема подобар начин да му се објасни зошто Македонија верува во европските вредности и зошто не може и не сака да ги прифати уцените на Софија поткрепени од Брисел.