Македонија во Макронова „Европа со повеќе брзини“ ќе биде налик на камион претоварен со камења што јури по удолница во лер!

Макрон викендов отворено кажа во која грмушка лежи зајакот. Европската Унија тешко функционира и со 27 членки, а со 32 или 35 земји членки нема да биде полесно. Во шарената лага „во ЕУ до 2030 година“ никој од лидерите на Западен Балкан веќе не верува. Освен Ковачевски, Османи, Маричиќ и друштвото еврохистерици од „Фронтот за Европа“. Можеби и неколку македонски келнери во Блед…