МАКЕДОНИЈА ИМА РУДАРСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ ШТО ВРЕДИ СУВО ЗЛАТО Можат ли проектите за еколошко рударење да ја победат стигмата „Не за рудниците“?

И покрај големите рудни богатства и долгата историја и традиција на рударење, во Македонија во последните 40 години е отворен само еден нов рудник, додека неколку инвестициски проекти се компромитирани и пропаднати. Постоечките рудници воведуваат стандарди на т.н. еколошко рударење, а Европа веќе отворено зборува за „климатски неутрална економија“ и за потребата од инвестирање во рударството. Македонија тоа засега не го гледа и упорно го поттикнува отпорот против изградбата на каков било и чиј било рудник.