„ЕДНИ ЌЕ ОДАТ СО АЛБАНИЈА, А ДРУГИ СО БУГАРИЈА“ Ахмети предвидува распад ако земјава скршне од патот кон ЕУ

„Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“, објави информативниот портал на албански јазик Тетова сот во својата вест со наслов „Али Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе бидеме со Бугарија, некои со Албанија (ВИДЕО)“.