МАКЕДОНЦИ ВО СРЦЕТО НА ОПАСНОСТА ВО ТАЈВАН Пауновски сведочи за беспрекорна организација во справувањето со цунами

Борче Пауновски, кој со своето семејство престојува на брегот на Тајтунг, вели дека добиле официјална порака за цунами околу пладне, по што им било наредено да останат во хотелот. Тој потенцира дека тајванските власти се исклучително организирани и подготвени за вакви појави, па иако ситуацијата е сериозна, нема паника меѓу локалното население.