ЛЕВИЦА ТЕНДЕНЦИОЗНО ЛАЖЕ ЗА НАБАВКАТА НА ЈАГЛЕН, РЕАГИРА АД ЕСМ Договорот е склучен со фирма од Македонија, а не од Косово

Целосна лага е дека АД ЕСМ склучила договор со фирма од Косово, посочената фирма е основана во Македонија и согласно објавениот оглас, ја приложила целата потребна документација. Не постои ниту еден доказ дека овој економски оператор има каква било забрана за учество во постапки за јавни набавки, ниту дека е осуден за криминал со токсичен мазут, реагира претпријатието на обвинувањата од Левица.