ЛЕТАЛЕ СЕКИРИ И НОЖЕВИ ВО ТЕПАЧКА МЕЃУ СОСЕДИ ВО КАРПОШ Пресметката продолжила и на Ургентно, десет лица се повредени

Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви… (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош, стои во реакцијата од општина Карпош по синоќешното насилство во населбата Злокуќани.