Лекции од холандскиот амбасадор

Нашите мани не се негова работа. Особено, не во комуникација со јавноста, иако намерите му се секако позитивни. Како добронамерен амбасадор на пријателска земја, би било во ред за тоа да разговара со власта. Да ја изрази својата загриженост, или на својата земја, ако за тоа има инструкција. Кога е веќе во недозволени води, во јавноста, тој морал проблемот да го стави макар во поширок контекст. Да побара и некакви причини, или корени, за таквите состојби. Такви има безброј, иако оправдувања – нема.