ДИРЕКТОРКАТА НА „КОЗЛЕ“ ИЗБРКАЛА ОД РАБОТА ЛЕКАРКА СО 22-ГОДИШНО ИСКУСТВО Лекарскиот колегиум бара разрешување на директорката

Во отказното решение, добиено од раководството, д-р Веселинка Митровска Јосифовска е обвинета дека физички присуствувала во кабинетот за бронхоскопија кога се интервенирало за вадење туѓо тело од дишните патишта на еден од пациентите, се вели во протестното писмо од Лекарскиот колегиум на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле.