ЛАПАЈТЕ ЕВТИНО ОД ВЕЛИГДЕН ДО 1 МАЈ, ОТИ НЕ СЕ ЗНАЕ КАКО ЌЕ БИДЕ ПОСЛЕ Како да се издржи со повисоки набавни од малопродажни цени?!

Во овој претпразничен и послепразничен спринт, од Велигден и Рамазан до Први мај, кога цените на многу производи се нелогично замрзнати, веројатно нема да има големи нарушувања во снабдувањето. Но, ако продолжи оваа политика на масивна и неселективна контрола на цените, тоа неминовно ќе доведе до проблеми во снабдувањето и до промени на навиките на купувачите. Водена од „филозофијата“ дека на сиромашните не им се помага со тоа што и богатите се тераат да јадат т.н. социјален леб, Владата ги исцрпува и производителите и трговците и тоа не може да не се одрази на пазарот.