📽️ 📷 КУМАНОВЕЦ ПРОПАДНАЛ ДО ВРАТ ВО „ЖИВ ПЕСОК“ Драматично спасување кај Пчиња, пожарникарите и самите се извлекувале од калта при интервенцијата

Тим кумановски пожарникари, на чело со командирот на смена Сашо Илиевски, неколку часа, од околу 04.00 часот па до 07.00 часот утрово беа во спасувачка акција. Итниот случај го пријавил на 112 во ЦУК риболовец, којшто ги слушнал повици за помош на лицето кое покрај реката заглавило во длабока тиња и кал, на тој потег од реката Пчиња.