КОС, МУЛТИГРУП, БРАТИСЛАВСКА ИЛИ ДОМАШНА ВРСКА? И по 27 години не се откри вистината за атентатот врз Глигоров

Никој не може да потврди за што зборувале Милошевиќ и Глигоров во Белград ден пред атентатот. Според една теза договорено е меѓусебно признавање, според друга, Милошевиќ бил бесен поради потпишувањето на Партнерството за мир со НАТО и Спогодбата за соработка и трговија со ЕУ, како и Времената спогодба со Грција. Но, тоа е само една теорија. Според други тези, вмешана е бугарската организација „Мултигруп“, иако експлозивот е југословенски. Домашните служби не се исклучени. Тогашното раководоство ја сомничи и т.н. Македонска ослободителна војска, организација од Австралија.