КОРУПЦИЈАТА ВО КИЕВ ЈА РОНИ ПОДДРШКАТА ОД ЗАПАДОТ Зошто се колеба „обединетиот фронт“?

Меѓу резултатите кои ги посакуваат САД од Украина е и избор на повеќе од 2.000 нови судии и расчистување на заостанатите над 9.000 жалби за несоодветно однесување на судството. Додека Републиканците во САД, Словачка и Полска ја откажаа воената помош, Политико анализира дека другите европски држави можат да се замислат околу нивната улога.