КОНТРОЛАТА НА ЛЕТАЊЕ ЌЕ ШТРАЈКУВА НА 25 ДЕКЕМВРИ И НА НОВА ГОДИНА Синдикатот бара да се повлечат објавените конкурси за вработување

Бидејќи е прекршена спогодбата помеѓу Синдикатот и директорите на М-НАВ за која гарант беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, го реактивираме штрајкот на 25 декември од 10 часот до 15 часот, по што ќе се штрајкува и на 31 декември од 00.01 до 1 јануари во 23.59 – изјави претставник на синдикалците.