КОМИСИЈАТА ИМАЛА ШАНСА НО НЕ ГО КОРИГИРАЛА СПИСОКОТ За случајот со матурантката од Охрид се огласи Државниот испитен центар

Училишните матурски комисии списоците со кандидати ги проверуваат и доколку имаат направено грешки ги корегираат и истите со потпис и печат од училиштето ги враќаат во ДИЦ. Во случајов од страна на комисија на СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид така е и постапено, односно списоците се вратени со потпис и печат, но немаат направено корекции дека ја имаат испуштено матурантката Тијана Силјаноска, се вели во соопштението од Државниот испитен центар.