Кога улицата ни прави „систем“ и дели „правда“, секој еден навистина може да е следен – следна жртва на манипулатори и некадарници

Ништо не значи тоа кога протестираме против „систем“. Или против било каков „колектив“. Ништо не значи кога бараме „колективна одговорност“, така само ја криеме индивидуалната одговорност, така ги криеме виновниците за трагедијата и за состојбите. Кога земаме камен в рака за да истераме „правда“, всушност, правиме најголема неправда. Протестот без јасна цел и без јасна артикулација води во хаос.