КОЈ ГО ПРЕДАДЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ? „Карчо, изгледа дека сме предадени во Софија“, рекол Гоце пред смртта

Има повеќе теории и истражувања за тоа кој го предаде Гоце Делчев пред погибијата на 4 мај 1903 година во селото Баница. Мистеријата не е расветлена. Но, јасно е дека Делчев е жртва на амбициите на Врховниот комитет да завладее со револуционерната организација и да ги предаде Гоцевите идеали за автономна Македонија. За тоа проговорил и самиот револуционер во миговите пред да го прониже куршум во градите.