📽 КЛУЧНИ СНИМКИ ФРЛААТ НОВО СВЕТЛО ВРЗ МИСТЕРИОЗНАТА СМРТ НА 4-ГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ ВО ГРЦИЈА Жена доаѓа со 3 деца, си заминува со 2 момчиња и со празна количка

Неколку часа пред да биде пронајдено телото, камера снимила жена како се движи по булеварот Посејдонус, заедно со 2 деца што одат покрај неа и едно во количка. И покрај високите температури, жената била облечена во топла облека, а детето во количката носело костим речиси идентичен со оној пронајден на девојчето. Грчките медиуми пренесуваат дека оваа снимка може да биде клучна за истрагата.