КЕШИШЕВ ПРЕТПОСТАВУВАЛ ДЕКА ВО РАНЕЦОТ ИМА ПИШТОЛ, АМА КАЖАНО МУ БИЛО ДА НЕ ПИПА „Вељо и Боре се договараа како да му пријдат на Панче“

Четвртообвинетиот во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Влатко Кешишев, денеска пред судот опиша како се одвивал планот за киднапирање и убиство на пензионерот од Велес. Тој сведочеше дека знаел за дупката, но не и за пиштолот до моментот на убиството.