КАТАСТАР Ѝ БАРА НА АРСОВСКА 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОДАТОЦИ КОИ 4 ИНСТИТУЦИИ ГИ ДОБИВААТ БЕСПАРИ Само 25% скопјани плаќаат данок на имот, зашто Градот не знае кој имот чиј е

Податоците на Градот Скопје покажуваат дека само 25% од сопствениците на имот во Скопје плаќаат данок на имот. Дури 75% од имотите во главниот град не се пријавени. Не е подобра ниту состојбата во останатите локални самоуправи во земјава. Одделни општини воопшто и не наплаќаат ваков данок.