КАСЕТНИТЕ БОМБИ ПРВО ЌЕ ПАДНАТ ВО БАХМУТ? Тоа нема да ја забрза украинската контраофанзива, признава главниот стратег

Новинарите на Би-Би-Си виделе американски хаубици М777 кои ќе испукаат касетни бомби. Тие биле поставени околу Бахмут. Генералот Сирски вели дека повторното заземање на градот би имало повеќе од симболична вредност. Тој тврди дека Бахмут има и стратешко значење, тој е порта кон другите клучни градови во регионот. Но, тој признава дека контраофанзивата оди споро, затоа што Русите минирале големи површини на исток и имаат појака артилерија, без разлика што бројот на војници на овој фронт е изедначен – 160.000.