КАКО ЛОРЕТА ЃОРГИЕВА ЌЕ ОДЛУЧУВА ТАЈНО ЗА ОДГОВОРНОСТ НА СУДИЈАТА НАНЕВ, КОГА ПРЕТХОДНО ЈАВНО ЗАСТАНА НА НЕГОВА СТРАНА? Министерот Лога во „војна“ со Судскиот совет

Ѓоргиева јавно застана во одбрана на судијата Лазар Нанев, кој неодамна беше ослободен од функцијата претседател и член на Советот за ИКТ. Министерот за правда Кренар Лога сега бара таа да биде изземена од Судскиот совет кога тој ќе одлучува за одговорност на судијата Нанев. Судскиот совет, пак, го опоменува Лога да го почитува Законот, да се однесува професионално и како што му доликува на  функцијата.