КАДЕ СЕ 100 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ АМЕРИКАНСКА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ШТО НЕ СТАСАЛЕ ВО КИЕВ? Изјавата на Зеленски ги крена фактчекерите на нозе

Володимир Зеленски, во интервју за Асошиетед Прес, изјави дека Украина добила само 75 милијарди долари од вкупната сума од 175 милијарди долари американска помош за Украина што ја одобрил Конгресот на САД. На социјалните мрежи се појавија коментари дека парите се испрани.