ИЗРАЕЛЦИТЕ ФРЛИЛЕ БОМБА ТЕШКА 230 КИЛОГРАМИ ВРЗ КАФУЛЕТО ВО ГАЗА Експертите алармираат за воено злосторство

Употребата на неселективно оружје, што создава силна експлозија и распрснува шрапнели на широка површина, може да претставува воено злосторство – особено кога се напаѓаат зони со цивилно население, предупредуваат експерти за меѓународно право. Анализата на остатоците од кафулето Ал-Бака укажува дека е употребена 230-килограмска бомба МК-82, а огромниот кратер на местото на нападот го потврдува тоа, велат експертите за оружје.