ИЗРАЕЛ И ХЕЗБОЛАХ НА ЧЕКОР ОД ВОЈНА! Илјадници милитанти од регионот се подготвени да му помогнат на Либан

Последниот голем конфликт меѓу Израел и Хезболах беше летото 2006 година и траеше 34 дена. Околу 1.200 луѓе загинаа во конфликтот во Либан и 140 во Израел. Но, Хезболах денес е многу подобро вооружен. Се проценува дека има арсенал од 40.000 до 120.000 ракети и јасно стави до знаење дека ќе ја однесе борбата до срцето на Израел.