ИЗРАЕЛ ЈА ОДЛОЖИ ОФАНЗИВАТА ЗА НЕКОЛКУ ДЕНОВИ Лошите временски услови се пречка за пилотите и за дроновите

Израелската војска во саботата вечерта соопшти дека подготовките за „интегриран и координиран воздушен, морски и копнен напад“ врз Појасот Газа се при крај. Во офанзивата се очекува да учествуваат пешадиски единици, како и тенкови и инженеринг, пишува американскиот весник, повикувајќи се на официјални претставници. Се очекува копнените сили да добијат заштита од борбени авиони, хеликоптери, беспилотни летала и артилерија од копно и од море.