„ИЗЛЕЗИ ВЕНКО НА ТВ-ДУЕЛ СО МЕНЕ, ВИКНИ ГО И ЗАЕВ НАПОМОШ“ Димитриевски бара да ги соочи аргументите со Филипче

Одважи се, покажи доблест, излези и погледни му на народот во очи! Јас ќе те очекувам со вистината, со документи, со љубов кон оваа земја. Да му покажеме на народот кој има визија за Македонија, а кој само пласира туѓи сценарија! Не барам конфликт, барам одговорност. Одговорност пред историјата, пред граѓаните и пред идните генерации, рече лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.