🎥 ИРАН ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ ИЗРАЕЛ, ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 8 ЛУЃЕ Пазешкијан се закани со уште потежок и посилен удар

Израелската служба за итни случаи, Маген Давид Адом (МДА), соопшти дека 4 лица го загубиле животот во Бат Јам, јужно од Тел Авив – станува збор за две жени на возраст од околу 60 и 80 години, како и две деца: момче од приближно 10 години и девојче, веројатно настрадани во истиот напад. Во Тамра, на северот на земјата, локални извори известуваат дека 4 жени од исто семејство загинале при еден од иранските удари.