ИНТЕГРАЦИЈА ИЛИ ИЗОЛАЦИЈА КАКО ОД 2006 ДО 2016 ГОДИНА Премиерот вели дека ја доставил поканата за лидерска средба до Мицкоски

Што после тоа што ние го видовме од 2006 до 2016 година кога државата ниту еден милиметар не напредуваше во своите евроатлански интеграции, кога државата беше изолирана, кога државата беше оквалификувана како заробена држава, кога според слободата на медиумите бевме 130 во светот а сега сме 38- ми во светот, кога владеењето на правото беше тотално нарушено. Кога ако ги погледнете рангирањата и на Енономист и на Фридом хаус и на сите други релевантни меѓународни институции бевме да дното, рече Ковачевски.