ИНЦИДЕНТИТЕ ГО ВКЛУЧИЈА АЛАРМОТ Засилено полициско присуство во Центар по последните случувања

По пријава од родители за присуство на педофил како и други девијантни однесувања од малолетници, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, одржа средба со поголем дел на родители чии деца учат во ОУ „Коле Неделковски“ на која договори потпишување на петиција до ресорните министерства за внатрешни работи, труд и социјална политика и за образование и наука поради загриженоста за безбедноста на децата во реонот на Дебар Маало – информираат од Општина Центар.