ИНЦИДЕНТ ИМАШЕ, АМА БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТНИЦИТЕ НЕ БЕШЕ ЗАГРОЗЕНА Имаме законска обврска да го провериме багажот на сите патници, велат од ТАВ Македонија

Сакаме да потенцираме дека авијациската безбедност не беше загрозена, поради тоа што споменатиот инцидент се случи во јавната зона на аеродромот, односно пред пунктот за безбедносна проверка на ВИП-салонот од каде ВИП-патниците откако ќе бидат проверени од Обезбедувањето се упатуваат во безбедносно-контролирана зона на аеродромот, соопштија од ТАВ Македонија.