ИМАЛО ПЕРИОДИ КОГА ПАЦИЕНТИТЕ СО КАНЦЕР НЕ ДОБИВАЛЕ ТЕРАПИЈА Мицкоски приложи нови документи за скандалот на Онкологија

Добавувачите се должни да ги испорачаат лековите во рок од 5 или 10 дена, а иако доцнеле со испораките и пациентите не ги примале лековите, не било ништо преземено за да се надмине овој проблем и никогаш не бил прекинат договорот. Ниту еден добавувач не е предупреден ниту му е дадена негативна референца за неиспорака, а не е ниту добиен одговор од дистрибутерите зошто не се испорачува навремено робата. Свесно се крши договорот, пациентите остануваат без терапија, а за тоа никој не сноси последици, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.