ИМ ПУКНА ФИЛМОТ НА СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Бараат Владата да ѝ ги одземе ингеренциите на Арсовска за „Комунална хигиена“ и за „Паркови и зеленило“

Бараме Владата да назначи владин повереник и да започне процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на обврските на општините – рече градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски по одржаниот координативен состанок меѓу скопските градоначалници.