ИЛИ АЛБАНСКИ ЈАЗИК НАМЕСТО 20% ВО УСТАВОТ ИЛИ БАРАЈТЕ ПРАТЕНИЦИ ОД ГРУЕВСКИ Албанската опозиција постави услови за уставните измени

Сметаме дека тие уставни измени не треба да се случат без да се направат уште два конститутивни елементи на овие уставни измени, а тоа се отстранување на навредливото име за албанскиот јазик во Уставот на Република Македонија и второто прашање на уставната санкција за незастареност на случаите на политичка корупција, изјави Зеќирија Ибрахими, секретар на Алтернатива.