ИГРА НА ТРОНОВИ МЕЃУ ИРАН И ТУРЦИЈА ВО СИРИЈА Зошто Техеран се дистанцира од Асад?

Новонастанатата ситуација во Сирија ги смени геополитичките динамики, а Турција и Иран се борат за влијание врз новата сириска влада. Техеран е во теснец бидејќи мора да реши дали да се фокусира на агресивниот развој на нуклеарно оружје или да се зајакне со градење подобри односи во регионот.