„ИДЕШ НАВАКА?“ МУ ПИШАЛ ОСМАНИ НА ПАЛЕВСКИ, А ОВОЈ НЕ МУ ОДГОВОРИЛ НИШТО Обвинителството сака да докаже дека Палчо не поправал котел на денот на убиството на Вања

Обвинетиот Палевски ниту отишол кај Османи на 27-ми ниту извршил некаква поправка. На фотографијата број 7 пратена е порака дури во 23.30 часот од обвинетиот до Османи, од која е видливо дека до тој момент Палевски не отишол кај Османи – рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.