И ИНТЕРПОЛ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ОД СКОПЈЕ По 14-годишната Вања е распишана меѓународна потерница

Mајката на Вања во понеделникот на Фејсбук напиша дека девојчето излегло од дома во 7.20 за на училиште и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Последниот сигнал од нејзиниот телефон е лоциран на улицата „Партизанска“ спроти Универзална сала во Скопје.