ХИЛАРИ КОНТРА ТРАМП, ВЕЛИ ДЕКА ФАЛАТ ДОСИЕЈА НА ЕПСТИН „Јас и Бил ќе сведочиме, секој треба да сведочи“

Поранешната прва дама на САД и екс-државен секретар Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на Доналд Трамп дека го одолговлекува и селективно го објавува материјалот поврзан со Џефри Епстин, додека таа и Бил Клинтон се подготвуваат за јавно сведочење пред Конгресот. Белата куќа возврати дека токму актуелната власт направила најмногу за транспарентност и за жртвите.