ХАШИШОТ ОД ПОГРАДЕЦ ТРЕБАЛО ДА ЗАВРШИ ВО МАКЕДОНИЈА Албанската полиција спречи шверц во „фолксваген“

Дрогата е откриена во автомобил „фолксваген” сопственост на Ериса Феро додека другите две лица го набљудувале патот. Таа била „задолжена” дрогата да ја транспортира од Тирана до граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница кај Струга, за потоа да ја предаде дрогата на Лика Баша кој требало да ја пренесе во Македонија. Полицијата ги пресретнала во близина на преминот, стои во соопштението на албанската полиција.