ГРАДСКИОТ ИНСПЕКТОРАТ САКАЛ ДА ГО ЗАПЛЕНИ КАМИОНОТ ШТО ЧАИР ГО АНГАЖИРАЛ ЗА ЧИСТЕЊЕ? За градоначалникот Ганиу ова е неприфатлива интервенција

„Поради недостиг на активности од надлежните јавни претпријатија, Општина Чаир презеде конкретни мерки преку ангажирање приватна компанија за чистење на најзагадените зони, со цел да се обезбеди ред и чистота во јавните простори“, соопшти Општина Чаир.