(ВИДЕО) „ГРАДИМЕ СОВРШЕНСТВО СЕКОЈ ДЕН“ Отворен е новиот изложбен салон на „Алумил“ во Скопје

Потребите на нашите купувачи се многу широки, а такво е и нашето портфолио. Секој од нашите производи е дизајниран имајќи предвид една цел: да понуди најдобро можно решение и да ја зголеми вредноста за нашите клиенти. Таа вредност ја зголемуваме и со отворањето на новиот изложбен салон, затоа што сега нашите клиенти ќе имаат можност не само одблизу да ги видат нашите најбарани системи туку и на самото место со помош на едуциран персонал да се запознаат со сите нивни предности, рече Зоран Срчоков, генерален директор на „Алумил“ за Македонија.