„ГРАЃАНИТЕ ЛЕСНО ЌЕ ЗАКЛУЧАТ КОЈ Е ЛИЦЕМЕРЕН“ Канцеларијата ми е доделена во јуни, но сѐ уште не е уредена, вели Пендаровски

Нејасно е зошто владејачката партија излегува со прес-конференции и соопштенија во кои самата дава одговор на прашањата кои ги поставува, одговори поранешниот претседател Стево Пендаровски на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ во врска со неговата канцеларија.