ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ГО ПЛАТАТ МОЛКОТ НА КОВАЧЕВСКИ За разлика од Србија, Македонија не реагира на транзитната такса за гасот што ја наметна Бугарија

Енергетски експерти коментираат дека не треба да изостане реакција од Владата бидејќи новите цени на гасот ќе бидат дестимулативни за компаниите и граѓаните, што, пак, ќе влијае и на најавената гасификација на земјата. Тие сметаат дека најзасегнати со зголемената цена ќе бидат топланите и компанијата „Те-То“, како и компаниите кои го користат гасот во процесот на производство.