ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ И ДА КУПУВААТ ИЗГРАДЕНИ СТАНОВИ СО ДОКУМЕНТИ Ако се случи инвеститорот да се откаже, бидува проблем

Би ги советувал да купуваат готови, односно изградени станови кои можат да ги видат, кои се пред нив физички, со важечки имотен лист, во згради кои имаат употребна дозвола затоа што има шпекулација на пазарот и ми е страв дека таа шпекулација може во еден момент да пукне, односно да ни се случи да има инвеститори кои не можат да ги износат проектите кои ги почнале. Мислам дека е фер ова да го кажам, изјави во Собранието вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.