ГРАЃАНИ, А НЕ БУГАРИ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ! Може ли и во Преамбулата да победи концептот на граѓански суверенитет?

Бугарија и Бугарите имаат едно сосема поинакво гледање на создавањето на македонската нација, на македонскиот јазик и на македонска држава – за нив тоа е „Коминтерновска творба“, „Титова измислица“ итн. Тие промовираат и една своја „вистина“ за улогата на фашистичката влада на Бугарија во текот на Втората светска војна. Тешко е да се помири таа нивна приказна со наративот во Преамбулата, кој зборува и за АСНОМ, што ќе рече за раѓањето на нашата држава во виорот на борбата против фашизмот. Има ли, сепак, решение што ќе ги задоволи Бугарија и ЕУ?