📷 ГОРАТ АВТОМОБИЛИ И ГУМИ Пожар изби на автоплац во струшко Велешта

Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар кај струшкото село Велешта каде биле опожарени гуми и возила оставени на автоплацот, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.