ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ПРЕД ГАМБИТОТ ВО ОВАЛНАТА СОБА Сите фигури се во игра, дали Украина е чекор поблиску до мирот?

Најавената средба во Вашингтон меѓу Трамп и Зеленски, на која украинскиот лидер ќе биде придружуван од по еден европски “тешкаши”, изгледа како дипломатска раскрсница со историски потенцијал. Ако страните најдат заеднички јазик, може да се отвори пат за нов мировен процес, макар и постепен. Ако пропадне и оваа шанса, ризикот од замрзнат конфликт со години останува многу реален.