„ГО ПОСТАВИЈА ЗА ДА ГО ПРИКРИЈАТ НАЦИЗМОТ ВО УКРАИНА“ Путин шокираше со својот коментар за еврејското потекло на Зеленски

Веста ја пренесе и рускиот опозициски портал Медуза. Обратно на повеќето руски медиуми, порталот ја оцени изјавата на Путин и „фиксацијата со потеклото на украинскиот претседател“ на друг начин – како показател дека токму во руската власт постои антисемитизам и повика таа да биде осудена. Некои од западните медиуми не ја пренесоа контроверзната изјава.