ГИ БАРААТ ВО ДРИНА Мигранти се превртеле со чамец во Србија

Утринава, околу 5 часот, Граничната полиција на Љубовија била известена од Граничните власти на Босна и Херцеговина, како и од локален жител, дека чамец на Дрина во текот на ноќта се превртел со нерегуларни мигранти кои се обиделе да ја преминат реката од Србија меѓу местото Дрљача во општина Љубовија и Орлице во општина Зворник, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.